24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодишен состанок на Мрежата на млади фармери

Годишен состанок на Мрежата на млади фармери

farmer-m

Во Струмица денеска ќе се одржи годишен состанок на Мрежата на млади фармери при Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ).

На состанокот ќе стане збор за проблемите на младите земјоделци во земјава и за предизивиците со кои се соочуваат. Ќе бидат одржани и две презентации

– „Претприемништвото предизвик за младите фармери“ од д-р Миле Пешевски, професор на Факутетот за земјоделски науки и храна, и „Заштита на генетски ресурси – Квалитет на семенски материјал“ од професорката Сузана Кратовалиева.

Годишниот состанок на младите фармери традиционално, се одржува еден ден пред манифестацијата „Етно ден на млади фармери“ која утре ќе биде порганизирана во струмичкото село Габрово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП