28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот „Mercedes-AMG GT Coupe“ го напаѓа „Porsche 911“ (ФОТО/ВИДЕО)

Новиот „Mercedes-AMG GT Coupe“ го напаѓа „Porsche 911“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Mercedes-AMG GT Coupe“ претставува попрактична верзија на спортскиот автомобил со конфигурација 2+2 седишта и целосно променлив 4Matic+ погон на сите тркала.

Првично, ќе се нуди само во варијанти со V8 „63“ и „55“, па ќе треба да почекаме и да видиме дали четирицилиндарецот со 381 ks, кој го придвижува и „SL 43“, ќе биде додаден подоцна.

Најмоќниот „AMG GT 63 Coupe“ користи 4,0-литарски V8 твин-турбо мотор, кој развива 585 ks (430 kW) и 800 Nm вртежен момент. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае нешто повеќе од 3 секунди.

Моделот „AMG GT 55 Coupe“ произведува 476 ks (350 kW) и 700 Nm вртежен момент и достигнува „100“ за околу 4 секунди.

Помоќното купе ќе забрзува до максимални 315 km/h, а основниот модел до 295 km/h.

И моделите „63“ и „55“ имаат погон на четири тркала и деветстепен автоматски менувач.

Двете верзии имаат електронски контролиран диференцијал со ограничено лизгање, систем за управување и на задните тркала, композитни дискови во системот за сопирање, предните имаат дијаметар од 390 mm.

Подоцна оваа година „AMG“ ќе претстави керамички сопирачки со поголеми дискови од 420 mm на предната оска.

Двата автомобили имаат спортска суспензија со полуактивна хидраулична стабилизација, активни адаптивни амортизери и систем за подигање на предниот дел на автомобилот до 30 mm.

Цените засега не се познати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП