25 јуни, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПознати се спецификациите на флексибилниот Samsung

Познати се спецификациите на флексибилниот Samsung

flexible-samsung

По неколку години истражување и развој, паметните телефони со флексибилен екран наскоро ќе станат реалност.

„Samsung“, според гласините, прв ќе претстави еден таков модел, а сега можеме да ги дознаеме и неговите најверојатни спецификации.

Според информациите, овој смартфон ќе го одликува екран од 4,7 инчи со резолуција од 720 x 1280 пиксели, како и оперативниот систем „Android 4.3 Jelly Bean“.

Исто така е познато дека паметниот телефон на „Samsung“ со флексибилен екран ќе работи на „quad-core“ процесор заедно со 2 GB RAM меморија, а ќе има и камера од 8 мегапиксели со „dual-LED“ блиц.

Се уште не е познато, кога точно компанијата ќе го претстави својот најнов паметен телефон, но се очекува тоа да се случи до крајот на оваа година или почетокот на следната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар