3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД ги одложува и трговските преговори

САД ги одложува и трговските преговори

Budget Battle

Поради делумната блокада на американската влада, САД ќе мора да ја одложи следната рунда на трговски преговори со Европската унија.

Претставникот за трговија на владата на САД, Мајкл Фромен, денес го информираше комесарот на Европската унија за трговија Карел де Гута дека поради делумна блокада на американската влада ќе мора да ја одложи следната рунда на трговски преговори, која би требало да се одржи следната недела во Брисел.

Фромен го информираше Гута дека поради финансиски проблеми во врска со блокадата на американската влада, која веќе се оддолжува четврти ден, не е во можност на преговорите за договор за слободна трговија помеѓу САД и ЕУ следната недела да го испрати целиот тим на преговарачи, пренесува агенцијата АП.

Тој додаде дека и официјален Вашингтон, во соработка со своите европски партнери, ќе работи на разработка на планот кој ќе почне да се применува по завршувањето на блокадата на американската влада.

Планираниот договор за Трансатлантско партнерство во областа на трговијата и инвестициите, околу кој веќе некое време се водат преговори помеѓу Вашингтон и Брисел, ги интензивираше надежите дека по укинувањето на царината и другите препреки за слободна трговија, кои веќе долго време им пречат на економските односи на САД и ЕУ, би требало да дојде до забрзување на економскиот раст на овие две сили, како и до зголемување на вработеноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП