5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНека е и погрешен, само да е Твитер!

Нека е и погрешен, само да е Твитер!

tweeterer

Инвеститорите на берзата купувале акции на компанијата која е во загуба „Tweeter“, која продава техничка опрема, мислејќи дека станува збор за акциите на друштвената мрежа „Twitter“.

Регулаторните власти на берзата во Њујорк привремено ја стопирале продажбата на акциите на компанијата „Tweeter“ поради недоразбирањето меѓу инвеститорите кои ги купувале нивните акции, мислејќи притоа дека станува збор за акциите на друштвената мрежа „Twitter“.

На одговорните лица на берзата им станало чудно кога забележале дека акциите на загубарот „Tweeter“, компанија која е основана во 1972-та во Масачусетс и која продавала телевизори, аудио и друга техничка опрема, забележале пораст од 1.400 проценти во еден ден.

tweeter

Само за еден ден инвеститорите купиле 14.4 милиони акции на погрешниот Твитер. Компанијата која во претходните денови имала просечен дневен промет на акциите од 29.000, а во 2007-та година влегла во постапка за банкрот.

Купувачите на акциите очигледно биле збунети поради сличните акроними на компаниите. „Tweeter“ од Масачусетс на берзата има симбол „TWTRQ“, додека пак „вистинскиот“„Twitter“, чии акции инвеститорите мислеле дека ги купуваат, го користи симболот „TWTR“.

Тоа што дополнително е збунувачки е, како можеле берзанските брокери толку да погрешат и да ги купуваат акциите на „погрешниот“ Твитер, кога акциите на друштвената мрежа „Twitter“ воопшто не биле во понудата на берзата.

tweeterr

Имено, друштвената мрежа „Twitter“ неодамна најави излегување на берзата, но тоа се очекува да се случи дури на крајот на ноември.

Друштвената мрежа „Twitter“, чие седиште е во Сан Франциско, има 218 милиони корисници, меѓу кои и претседателот на САД, Барак Обама, Папата, многу познати политичари, телевизиски и музички ѕвезди.

Се очекува „вистинскиот“ Твитер по излегувањето на берзата да заработи најмалку милијарда долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП