5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамален рејтингот на Petrobras

Намален рејтингот на Petrobras

petrobras1

Агенцијата за рејтинг „Moody’s“ го намали долгорочниот кредитен рејтинг на бразилскиот енергетски гигант „Petrobras“, поради загриженоста околу високото ниво на долгот.

Агенцијата го намали рејтингот на „Petrobras“ од А3 на Baa1, што е ниво означено како релативно шпекулативно, пренесува агенцијата Франс прес.

Потегот доаѓа ден откако агенцијата ја намали прогнозата на кредитниот рејтинг на Бразил поради проблемите во економијата и прогнозата која ја предвидуваат долг период.

Прогнозата за рејтингот на Бразил е намалена од „позитивна“ на „стабилна“, a „Moody’s“ предупреди дека би можел да ја спушти и на „негативна“, или дури и да го сруши рејтингот, доколку економијата на Бразил бележи раст помал од три проценти по 2014 година.

„Petrobras“ во вториот квартал остварил нето профит од 2,7 милијарди долари, но неговиот нето долг порасна на 36 милијарди долари. Стратешкиот план на компанијата за периодот од 2013 до 2017 година предвидува продажба на имот вреден 9,9 милијарди долари и инвестиции вредни 236,7 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП