7 мај, 2024
ПочетнаСВЕТСмртоносна бактерија пронајдена во милкшејк: тројца починале, а тројца се во болница

Смртоносна бактерија пронајдена во милкшејк: тројца починале, а тројца се во болница

Здравствените власти во американската сојузна држава Вашингтон соопштија дека три лица починале, а уште три се хоспитализирани пи пиењето милкшејк контаминиран со листерија, опасен вид бактерија.

Си-ен-ен јавува дека трагедијата се случила во ресторанот „Фругалс“ во градот Такома.

Се наведува дека истражителите утврдиле дека инфекцијата избувнала поради нечисти машини за сладолед загадени со таа бактерија, кои вработените не ги исчистиле правилно.

Американската телевизија наведува дека листеријата може да влијае на здравјето на луѓето и до 70 дена по земањето храна или пијалак што биле контаминирани со неа.

До 7 август се користеа контаминирани машини во ресторанот, па можна е појава на нови пациенти, велат надлежните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП