1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДефицитот на БиХ 375 милиони евра

Дефицитот на БиХ 375 милиони евра

bih3

Дефицитот на тековната сметка на Босна и Херцеговина за првите шест месеци од оваа година изнесувал 750 милиони КМ, односно околу 375 милиони евра.

Истовремено, во истиот период минатата година дефицитот изнесувал 1,2 милијарди марки, соопштено е од Централната банка на БиХ.

Од Централната банка велат дека главната причина за ваквото подобрување на надворешната позиција на економијата во БиХ лежи во поволното движење во надворешно-трговската размена на стоки во првата половина од годината, кога е забележан раст на извозот и намалување на увозот.

И кога станува збор за директни странски инвестиции, видливи се интензивните приливи, па така нето приливот во првите шест месеци изнесува 476,8 милиони КМ, значително повеќе отколку во истиот период минатата година, кога изнесувале 224,1 милиони КМ.

Банката, исто така, го објави и ревидираниот платен биланс, како и статистиката на меѓународните инвестициски позиции за 2012 година, според кои дефицитот на тековната сметка во 2012 година достигнал 9,7 проценти од БДП.

Во соопштението се наведува дека податоците со кои располагаат за оваа година укажуваат дека во тој поглед би требало да дојде до значителни корекции во 2013 година, односно до намалување на надворешната изложеност на економијата и релативната стабилност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП