3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКаква ќе биде иднината на „Land Cruiser“?

Каква ќе биде иднината на „Land Cruiser“?

Пред само неколку дена, „Toyota“ ја претстави новата генерација на „Land Cruiser“ – серијата „250“, која ја задржува моќната привлечност на своите претходници, иако со ретро пресврт. Во моментов се чини дека ова е совршен рецепт, бидејќи првиот фидбек е дека теренецот им се допаѓа на љубителите на марката.

Сепак, што ќе се случи со моделот во ера на сè построги регулативи за штетните емисии и електричниот погон?

Засега, „Toyota“ нема итни планови да воведе „plug-in“ хибридни (PHEV) или целосно електрични (BEV) верзии на својот теренец во ретро стил. Во својата нова варијанта, 2,4-литарскиот турбо мотор ќе биде поврзан со електричен мотор со 48 ks вграден во 8-брзинскиот менувач, но ова е само привремено решение за „Land Cruiser“.

Затоа „Toyota“ размислува за различни опции за својот водечки модел, како што се PHEV, водороден погон или целосно електрична верзија, пренесува „Automotive News“. Вклучувањето на кој било од алтернативните погонски системи во платформата „TNGA-F“, сепак, би имало добри и лоши страни, според главниот инженер на проектот „Land Cruiser“, Кеита Морицу.

„Способностите на верзијата со горивни ќелии би биле идеални за возење и патување на долги растојанија, но ограничената инфраструктура може да го спречи нејзиното пошироко усвојување. Меѓутоа, ако некој може да се справи со оваа технологија и целосно да ја совлада, тоа е „Toyota““, вели Морицу.

Извршниот директор на „Toyota“, Коџи Сато, веќе наведе три чекори за успешна транзиција кон електрични возила, кои вклучуваат наменска платформа за возила само со електрична енергија. Сепак, не е јасно дали ќе биде погоден за амблем на бренд како „Land Cruiser“.

„Toyota“ моментално многумина ја гледаат како заостаната во трката со електрични автомобили. Но, јапонскиот производител вложува огромни напори да го намали јазот со конкурентите. Брендот планира да лансира 10 нови електрични возила до 2026-та година, вклучително и електричен теренец со целосна големина со три реда што ќе се произведува во неговата фабрика во Џорџтаун (Кентаки). Покрај тоа, „Toyota“ објави дека направила пробив во технологијата на батерии со цврста состојба, која ќе може да обезбеди автономија од повеќе од 1.000 km со едно полнење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП