4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку чини едно скромно пазарење во маркет за цел месец?

Колку чини едно скромно пазарење во маркет за цел месец?

Се соочуваме со висока инфлација, со повисока цена на електричната енергија и на горивото, а со самото тоа и со зголемена цена на основните продукти во супермаркетите, вклучително и на храната, пијалаците, средствата за лична хигиена…

Според податоците, потрошувачката кошничка во јули чинела 48.620 денари и таа е зголемена за 441 денар, па како што стојат работите, со две минимални плати не може да се покрие минималната кошничка.

На едно четиричлено семејство му се потребни дури 48.620 денари за покривање на минималната синдикална кошница, а како што објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), 20.004 денари или 44,6 отсто од потрошувачката кошничка се за исхрана и за пијалаци, а потоа 13.664 денари се за домување, односно 30,46 отсто од потрошувачката.

Понатаму, 3.247 денари или 7,24 отсто се трошат за хигиена, 3,720 денари или 8,29 отсто за превоз, 2.327 денари за облека и за обувки, 1.068 денари за култура и 822 денари за одржување на здравјето.

Денар направи мала обиколка во два супермаркети и испазари продукти коишто ќе му бидат доволни на едно четиричлено семејство за да го протурка месецот.

Во едниот супермаркет направивме сметка од 5.409 денари, додека, пак, во другиот супермаркет пазарењето нè чинеше 3.378 денари. Вкупно плативме 8.787 денари исклучиво за храна, пијалаци и за средства за домаќинство и хигиена.

Во продолжение ви пренесуваме дел од цените:

-Газирана вода – 19 денари
-Негазирана вода – 17 денари
-Палента – 35 денари
-Макарони – 44 денари
-Негазиран сок – 39 денари
-Кашкавал – 385 денари(парче)
-Пилешко филе – 109 денари(парче)
-Домати – 65 денари
-Јогурт – 89 денари
-Конзерва риба – 68 денари
-Пилешки наткопан – 189 денари
-Влажни марамици – 79 денари
-Биено сирење – 131 денари(парче)
-Кутија сладолед – 139 денари
-Шунка – 185 денари
-Кисело млеко – 49 денари
-Мајонез – 119 денари
-Средство за чистење бигор – 80 денари
-Павлака за готвење – 165 денари
-Кефир – 75 денари
-Кечап – 69 денари
-Млеко – 59 денари
-Двопек – 64 денари
-Млад компир – 129 денари
-Праски – 82 денари
-Целер – 134 денари
-Сирење – 299 денари(парче)
-Урда – 69 денари

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП