30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва се петте најскапи автомобили на сите времиња! (ВИДЕО)

Ова се петте најскапи автомобили на сите времиња! (ВИДЕО)

Парите не купуваат среќа, но ни помагаат да си дозволиме различни задоволства, а едно од нив е поседувањето на најдобрите и најлуксузните автомобили.

Нив ги купуваат милијардери или милионери кои навистина се грижат да имаат посебен автомобил и не бегаат да издвојат голема сума за ова задоволство. Доколку ве интересира кои се најскапите нови автомобили на сите времиња, останете во продолжение.

5. „Koenigsegg Trevita“

Цена: 4,3 милиони евра

Со ограничено производство од само три примероци, „Koenigsegg CCXR Trevita“ е еден од најексклузивните автомобили создадени од шведската компанија. Има моќен V8 мотор од 4,8 литри кој развива 1.018 ks, а може да забрза до 100 km/h за 2,8 секунди и да продолжи да забрзува до максимална брзина од 395 km/h.

4. „Pagani Huayra Imola“

Цена: 4,9 милиони евра

„Pagani Huayra Imola“ е специјално издание од кое беа произведени само пет примероци по лансирањето во 2019-та година. Има 6,0-литарски V12 битурбо мотор развиен од „Mercedes-AMG“ со 838 ks и 1100 Nm вртежен момент и вкупна тежина од 1.246 килограми. Од нула до 100 km/h забрзува за помалку од 3 секунди, а максималната брзина му е над 330 km/h.

3. „Rolls-Royce Sweptail“

Цена: 11,6 милиони евра

„Rolls-Royce Sweptail“ е уште еден пример до каде оди ексклузивноста на британската компанија. Претставен во 2017-та година, станува збор за елегантно купе кое е направено по нарачка, а во понуда е само еден примерок. Не се издвојува по своите перформанси, благодарение на 6,75-литарскиот V12 со околу 460 ks, но се издвојува по ексклузивноста и изработката што го зрачи неговиот дизајн.

2. „Bugatti La Voiture Noire“

Цена: 17 милиони евра

Вториот најскап автомобил на сите времиња е „Bugatti La Voiture Noire“, модерна реинтерпретација на класичниот „Type 57 SC Atlantic“. Создаден за да ја прослави 110-годишната историја на „Bugatti“, овој уникатен автомобил во светот е опремен со добро познатиот 8.0-литарски W16 мотор и четири турбини со 1.500 ks и 1.600 Nm вртежен момент.

1. „Rolls-Royce Boat Tail“

Цена: 23 милиони евра

Конечно, ја завршуваме оваа листа со најскапиот автомобил на сите времиња, „Rolls-Royce Boat Tail“, луксузен единствен кабриолет направен по нарачка. За неговото создавање биле потребни четири години работа, а инспириран е од едрењето. Опремен е со V12 мотор од 6,75 литри со 600 ks.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП