27 април, 2024
ПочетнаСВЕТТрамп: Обвинението е наместено, тоа е лов на вештерки

Трамп: Обвинението е наместено, тоа е лов на вештерки

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го нарече новото обвинение поднесено против него „лов на вештерки“ за обид за манипулација со претседателските избори во 2020 година.

„Ми изгледа наместено“, рече Трамп на социјалната мрежа Truthsocial.

„Зошто тие не поднесоа обвиненија пред две и пол години? Затоа што тоа сакаа да го направат среде мојата политичка кампања. Лов на вештерки!“, додаде тој.

Трамп е обвинет во Џорџија за обид да ја поништи својата загуба од демократот Џозеф Бајден на изборите во 2020 година.

Тоа е четврта кривична пријава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП