4 мај, 2024
ПочетнаСВЕТКим и Путин размениле писма со взаемна поддршка

Ким и Путин размениле писма со взаемна поддршка

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и рускиот претседател Владимир Путин во вторникот размениле писма со ветување дека ќе ги развијат своите врски во, како што Ким го нарече „долгорочни стратешки односи“, објави државниот медиум на Пјонгјанг KCNA, пренесува Хина.

Писмата ја одбележуваат 78-годишнината од ослободувањето на Кореја од јапонската колонијална власт во 1910-1945 година, што се слави и како национален празник во Јужна Кореја.

Во своето писмо до Путин, Ким рече дека пријателството на двете земји е создадено во Втората светска војна со победата над Јапонија и дека сега тие „целосно ја демонстрираат својата непобедливост и моќ во борбата за рушење на произволната практика и хегемонија на империјалистите“.

„Цврсто сум убеден дека пријателството и солидарноста… понатаму ќе се развијат во долгорочни стратешки односи во согласност со барањата на новото време“, рече Ким во писмото.

„Двете земји секогаш ќе излезат како победници, силно ќе се поддржуваат и ќе соработуваат меѓусебно во остварувањето на заедничката цел“, додаде Ким.

Соединетите Американски Држави ја обвинија Северна Кореја дека ја снабдува Русија со оружје за нејзината војна во Украина, вклучувајќи гранати, преносни ракетни фрлачи и ракети. Пјонгјанг и Москва негираа какви било трансакции со оружје.

Минатиот месец, рускиот министер за одбрана застана рамо до рамо со Ким додека ги проверуваа најновите севернокорејски нуклеарни проектили и нападни беспилотни летала на воената парада во Пјонгјанг.

Во својата порака до Ким, Путин вети и зајакнување на билатералните врски.

„Сигурен сум дека ќе ја зајакнеме билатералната соработка на сите полиња за доброто на двата народа и цврстата стабилност и безбедност на Корејскиот полуостров и на целата североисточна Азија“, рече Путин.

Лидерите на Јужна Кореја, САД и Јапонија треба да разговараат за безбедносната соработка за Северна Кореја, Украина и други прашања на трилатералниот самит на 18 август во Кемп Дејвид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП