17 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИднината на компанијата OpenAI „на разнишани нозе“: Дали AI гигантот ќе банкротира...

Иднината на компанијата OpenAI „на разнишани нозе“: Дали AI гигантот ќе банкротира до 2024 година?

Кога компанијата OpenAI аплицираше за регистрација на трговската марка „GPT“, многумина тоа го протолкуваа како „почеток на крајот“ за оваа компанија. Сомнежите дополнително се зголемија кога се намали бројот на корисници на GPT производи, што укажуваше дека корисниците постепено ја напуштаат оваа платформа.

Во јуни е забележан значителен пад на посетите на веб-страницата ChatGPT. Додека некои мислеа дека тоа се должи на сезонските промени (на студентите не им треба толку многу оваа алатка во текот на летото), стана јасно дека корисниците, со помош на ChatGPT API, се повеќе создаваат свои ботови наместо да ги користат оригиналните услуги. Во јули бројот на корисници се намали за уште 12%, од 1,7 милијарди на 1,5 милијарди.

API (Application Programming Interface) е збир на правила и дефиниции кои овозможуваат различни софтверски апликации да комуницираат едни со други. Во суштина, API делува како посредник кој дозволува една апликација да ја користи функционалноста или податоците на друга апликација, често се користи за поврзување на апликации со онлајн услуги или бази на податоци.

Сепак, не може да се каже дека намалувањето на корисниците е единствениот проблем. Оперативните трошоци на компанијата станаа огромни. Според извештаите, дневниот трошок за одржување на ChatGPT е неверојатни 700.000 долари, што става значителен притисок врз буџетот на компанијата.

Финансиската стабилност на OpenAI е дополнително потресена од конкуренцијата. Појавата на бесплатни јазични модели од големи размери како што е Llama 2, развиена од компанијата Мета во соработка со Мајкрософт, ги привлекува корисниците со својата приспособливост и ниската цена.

Покрај тоа, иако OpenAI генерира приходи со префрлање на платени верзии на своите услуги, конкретните финансиски податоци се нејасни. Идните проекции на приходите се засноваат на претпоставки поврзани со продажбата на API и употребата на четбот врз основа на јазичниот модел GPT-4, но овие бројки сè уште се неизвесни.

Во исто време, Илон Маск станува се поважен играч на пазарот на вештачка интелигенција, со амбиции да развие конкурентни модели со вештачка интелигенција и чет-ботови. Оваа конкуренција, во комбинација со тековните проблеми на компанијата, може да доведе до сериозни предизвици за OpenAI.

Нема сомнение дека OpenAI е во критичен момент во својот бизнис. Додека се соочуваат со финансиски и технички предизвици, тие исто така мора да се борат со конкуренцијата и да ја обезбедат својата иднина. Доколку не успеат да најдат одржливо решение, банкрот до крајот на 2024 година би можел да стане неизбежен, пишува AIM.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП