7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕве како ќе изгледа новиот „Volkswagen Tiguan“ (ВИДЕО)

Еве како ќе изгледа новиот „Volkswagen Tiguan“ (ВИДЕО)

Третата генерација на кросоверот „Volkswagen Tiguan“, чиешто деби доаѓа, е забележана за време на снимањето на рекламна фотосесија во главниот град на Словенија – Љубљана. На сајтот „Автоманија“ се појави фотографија и видео од автомобилот.

Новиот „Volkswagen Tiguan“ ќе биде официјално претставен за еден месец на автосаемот во Минхен. Продажбата на кросоверот ќе започне на крајот на оваа година, но неговиот изглед веќе е целосно откриен.

Фотографиите и видеото покажуваат дека кросоверот „Volkswagen Tiguan“, модел од 2024-та година, ќе расте во големина, ќе ја промени својата надворешност и ќе стане поизразен на изглед.

Неговиот дизајн е во духот на „VW Golf 8“. Поконкретно, теренскиот автомобил ќе има широка решетка за ладилникот и вметнување со диоди помеѓу фаровите, а светлата се протегаат по целата ширина на каросеријата.

Кросоверот ќе добие виртуелна контролна табла и голем екран на допир. Новиот „Volkswagen Tiguan“ ќе ги задржи бензинските турбо мотори од 1,5 и 2,0 литри, како и дволитарскиот турбодизел. Покрај тоа, ќе има и хибриди со 204 и 272 ks, способни да поминат до 120 километри само со електрична енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП