9 мај, 2024
ПочетнаСВЕТСеверна Кореја: Ким Џонг Ун нареди зголемување на производството на ракети и...

Северна Кореја: Ким Џонг Ун нареди зголемување на производството на ракети и друго оружје

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска нареди уште поголемо производство на ракети и друго оружје и воена опрема, објави државната Корејска централна новинска агенција (КЦНА).

Планот на Ким за производство на повеќе оружје доаѓа откако американските власти соопштија дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу се договорил со севернокорејските власти да и продаде оружје на Москва за војната со Украина, и откако јужнокорејската и американската војска објавија дека следната недела ќе започнат големи заеднички воени вежби.

За време на посетата на ракетната фабрика, Ким наредил производствениот капацитет „драстично да се зголеми“ за објектот да може масовно да произведува проектили за да ги задоволи потребите на воените единици на фронтот, соопшти КЦНА.

Во обиколка на други фабрики, Ким повика на изградба на помодерни камиони за лансирање ракети и рече дека има итна потреба да се зголеми производството на повеќекратни ракетни фрлачи со голем калибар „со експоненцијална брзина“, се вели во извештајот.

KCNA ја цитираше изјавата на Ким дека Северна Кореја мора да има „огромна воена моќ и да биде целосно подготвена да се соочи со каква било војна“, за да може „сигурно да ги избрише“ своите непријатели.

Северна Кореја ги негираше тврдењата на САД дека и доставувала муниција на Русија. Сепак, таа јавно ја поддржа Русија во војната и најави помош од луѓето во обновата на териториите окупирани од Русија.

Севернокорејскиот лидер се обидува да ги зајакне врските со Кина и Русија бидејќи Пјонгјанг се соочува со притисок од САД поради нивната нуклеарна програма и економските тешкотии поврзани со пандемијата „Ковид-19“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП