1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПочитувајте ги основните правила за сончање и заштитете го здравјето

Почитувајте ги основните правила за сончање и заштитете го здравјето

Во текот на првите денови од одморот практикувајте повисок заштитен фактор и не се задржувајте долго на сонце. По неколку дена употребувајте понизок заштитен фактор и продолжете го времетраењето на сончањето.

1. Не излегувајте на сонце меѓу 11 и 15 часот кога зрачењето е најинтензивно. Одберете сенка и уживајте. Ставете наочари и не заборавајте да ја заштитите главата со шешир.

2. Нанесете ги заштитните производи за сонце 15-30 минути пред да се изложите на сонце, со цел вашата кожа да ги впие и да биде заштитена кога ќе се изложите на сонцето.

3. Најважно е да ја нанесете соодветната количина од заштитните производи со заштитен фактор: мерката од 6 лажици одговара на тело на возрасна личност со просечна става.

4. На осетливите делови од телото, како што е подрачјето околу очите, носот, ушите, вратот, деколтето, рацете, но и колената и горниот дел од стапалото, им е потребна двојна заштита.

5. Потемнувајте постепено. Во текот на првите денови од сончањето употребете повисок заштитен фактор и бидете пократко на сонце, а по неколку дена намалете го заштитниот фактор и бидете подолго на сонце.

6. Не заборавајте да нанесете заштитна креме на тешко достапните места – меѓу рамената и зад колената.

7. Нанесувајте заштита на секои 2-3 часа бидејќи сонцето ги оштетува нејзините молекули.

8. Запомнете дека водата, песокот и снегот ги рефлекираат сончевите зраци и го зголемуваат ризикот од изгореници. Дури 90 проценти од УВ зраците продираат преку облаците, а 50 проценти од зраците можат да допрат до вас иако сте во сенка и ладовина.

9. Не престанувајте да користите заштитни креми иако сте потемниле, тоа не значи дека сте заштитени од изгореници.

10. Не заборавајте дека осетливата кожа на децата бара посебна заштита. А децата до 3 годишна возраст не смеат директно да бидат изложени на сонце.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП