3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДомувањето во САД достигна рекордна вредност од 47 трилиони долари

Домувањето во САД достигна рекордна вредност од 47 трилиони долари

Американскиот пазар на домување закрепна речиси 3 трилиони долари во вредноста, која беше збришана во минатогодишното забавување, според проценката на брокерската компанија „Redfin Corp.“, цитирана од „Bloomberg“.

Недостатокот на понуди ги зголеми цените, зголемувајќи ја вкупната вредност на домовите во САД на рекордни 47 трилиони долари, проценува компанијата.

Инфографик: „Bloomberg“

Многу сопственици на куќи преговараа за пониски фиксни стапки на нивните хипотеки пред трошоците за позајмување да почнат да растат минатата година, поради што не сакаат да се оддалечат од тие заеми. Според „Redfin“, само 1 процент од домовите во САД се смениле оваа година, што е најнизок удел во најмалку една деценија.

Сопствениците на куќи ги чуваат своите домови „затоа што преместувањето би значело преземање двојно поголема каматна стапка“, напиша во извештајот Чен Жао, шеф на економските истражувања на „Redfin“.

„Тоа значи дека купувачите кои сега се на пазарот се борат за многу мал број домови, а тоа ги спречува вредностите на домот да не паѓаат“, вели Жао.

Најмногу скокна вредноста на домовите во Атланта – за 40,1 милијарди долари во споредба со јуни минатата година. Во Бостон е забележан раст од 33,4 милијарди долари, а во Мајами од 30,3 милијарди долари.

Процентуално, најголем раст на цените се забележува на релативно достапните пазари. Цените на домовите во Литл Рок, Арканзас се зголемени за 8,8% од минатата година, а оние во Камден, Њу Џерси се зголемени за 8,7%.

Пад на цените во споредба со минатата година е забележан во 32 метрополи, а градовите во Калифорнија се меѓу најтешко погодените. Најголемо намалување има во Лос Анџелес со близу 153 милијарди долари, а потоа следи Оукланд со речиси 86 милијарди долари. Вредноста на домовите во Сан Франциско падна за околу 58 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП