4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕРесторан му наплатил на гостинот за празна чинија: Дали е ова најлудиот...

Ресторан му наплатил на гостинот за празна чинија: Дали е ова најлудиот потег на угостителите летово?

Ресторан од италијанска Лигурија го предизвика гневот на својот гостин и на пошироката јавност откако наплатил две евра за користење на дополнителна, празна чинија, што јасно пишувало на сметката.

Блогерката Селвадја Лукарели го замоли келнерот да и донесе празна чинија за да може да го подели садот со својата ќерка. Но, таа се шокирала кога ја погледнала сметката и видела дека одделно ја наплатиле. Таа е наведена како „piattino condivideni“ или „чинија за споделување“.

Ресторанот се наоѓа на ексклузивно место во Џеновскиот залив, каде што плаќањето за поставување на маса, покривка, се подразбира, но овој гостин ги предупредува туристите за неочекувани трошоци бидејќи дополнително се наплаќа такса за празна чинија, пишува Слободна Далмација.

Италијанските медиуми го осудија ресторанот за наплата на чинијата. Дури и гувернерот на Лигурија, Џовани Тоти, почувствува потреба да ја осуди ваквата ресторанска практика: „За мене оваа дополнителна исплата не е исправна“.

Сопствениците на ресторанот, сепак, понудиле неверојатно објаснување: „Масата е за тројца, а тие јадеа за еден, а некој ги мие тие садови“.

Сопственичката Ида Германо (76) објаснила: „Госпоѓата што ја објавила сметката била на маса за тројца бидејќи дошле двајца возрасни и едно дете“.

-Нарачале само една чинија тестенини со песто и една со пржена риба, а за двете побарале дополнителни чинии. Значи, тие имаа вкупно четири чинии, а ние наплативме само една бидејќи плаќаме и машина за миење садови – објасни таа.

Сепак, судејќи по реакциите на социјалните мрежи, тие навистина никого не убедија во оправданоста на оваа практика.

Оваа дискусија дојде набргу откако друг италијански ресторан на езерото Комо ја запрепасти јавноста со наплата од две евра, – за сечење сендвич на пола!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП