18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРазмената со странство околу 7 милијарди долари

Размената со странство околу 7 милијарди долари

dolari

Вкупната тровска размена со странство во првите осум месеци од годинава изнесува 6.985.216 илјади долари при што вредноста на извозот е 2.728.863 илјади американски долари, а увозот 4.256.353 илјади долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 64,1 проценти, а трговскиот дефицит изнесува 1.527.490 илјади американски долари.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и моторните возила за превоз на лица.

Во периодот јануари-август 2013 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ со 72,9 отсто и земјите од Западен Балкан со 18 проценти. Во увозот на стоки, исто така, најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ со 62 проценти и останати земји, на друго место неспомнати со 11,6 отсто.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија  со 49,9 отсто од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП