20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНово задолжување на Шпанија со значително пониски камати

Ново задолжување на Шпанија со значително пониски камати

shpanija6

На аукцијата на шпанското Министерство за финансии побарувачката за обврзници со рок на доспевање од пет и десет години изнесуваше за 2,2 проценти повеќе од претходната аукција.

Министерството во четвртокот продаде 1,18 милијарди евра 10-годишни обврзници, со каматна стапка од 4,269 проценти, што е значително пониско во однос на последната таква аукција која се одржа на 5. септември кога каматата изнесуваше 4,503 проценти.

Станува збор за најниската каматна стапка на 10-годишните шпански обврзници од септември 2010 година.

Продадени се и 1,38 милијарди евра обврзници со рак на отплата од пет години, со просечна каматна стапка од 3,128 проценти, која исто така е пониска од 3,477 проценти кои беа остварени на слична аукција пред еден месец.

Шпанија со денешното задолжување исполни 86,2 проценти од зацртаните средства од осигурувањето за 2013 година, се наведува во соопштението на Министерството за економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП