3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТ„Волците“ го убија претседателскиот кандидат на Еквадор: Озлогласената банда која сее страв...

„Волците“ го убија претседателскиот кандидат на Еквадор: Озлогласената банда која сее страв во затворите ја презеде одговорноста за атентатот

Кандидатот на претстојните претседателски избори во Еквадор кој водеше кампања против корупцијата и бандите беше убиен на предизборен митинг. Фернандо Вилависенсио, член на националното собрание на земјата, беше нападнат во средата додека излегуваше од настан во главниот град Кито.

Тој беше еден од ретките кандидати што ги наведе врските меѓу организираниот криминал и владините претставници во Еквадор.

Одговорноста за атентатот ја презеде криминалната група Лос Лобос (Волци).

Лос Лобос е втората по големина банда во Еквадор со околу 8.000 членови, од кои многумина се зад решетки, јавува Би-Би-Си.

Бандата беше вклучена во голем број неодамнешни смртоносни борби во затворот, во кои брутално беа убиени голем број затвореници.

Лос Лобос, отцепена група од бандата Лос Чонерос, се верува дека е поврзана со мексиканскиот картел Халиско – Нова генерација (CJNG), за кој тргува кокаин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП