30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda Integra Sport доби производна верзија

Honda Integra Sport доби производна верзија

integra

„Honda“ објави фотографии од производната верзија на концептот „Integra Sport“, кој беше претставен на почетокот на годината. Новиот макси скутер има вистински тркачки карактер со подобрувања во полето на перформансите.

integra1

За агресивниот изглед на мотоциклот се погрижи црната мат боја, која одлично се вклопува со седиштето кое е прекриено со алкантара. 17 инчните фелни ја имаат ознаката „Honda Racing“, а треба да се издвои и затемнетата „Sport Barracuda“ шофершајбна, како и титаниумскиот издувен систем „Акрапович“.

integra2

Агрегатот е со зафатнина од 670 кубика кој има 51,7 KS и 62 Nm вртежен момент, со пренос со двојната спојка, достапна во мануелен и автоматски режим.

Овој мотоцикл на „Honda“ би требало да се најде на пазарот со почетна цена од 9399 евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП