2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо вторник свечено ќе се отвори вториот Глобален инвестициски самит за Македонија...

Во вторник свечено ќе се отвори вториот Глобален инвестициски самит за Македонија со 350 регистрирани учесници од земјата и странство

samit

Глобалниот Инвестициски Самит за Македонија, кој наредната недела ќе се одржи во Охрид, втора година по ред, повторно на едно место ќе собере голем број на бизнисмени од земјата и од странство, со конкретни бизнис интереси за меѓусебна соработка.  Организаторот на Инвестицискиот Самит, смета дека овој самит со повеќе од 350 гости од Македонија и од светот, ќе биде еден од најголемите бизнис собири во земјата. Досега присуство најавија компании од околу 20 земји, меѓу кои САД, Австалија, Кина, Јапонија, Шведска, Германија, Холандија, Унгарија, Турција  итн.  Листата на говорници на самитот е импресивна, со повеќе од 30 звучни имиња меѓу кои Phillips USA, Telus Canada, Canadian Bombardier, Deutsche Telekom Group, MindTree Индија, Acibadem Турција. Почестени сме и од присуството на почесните гости говорници, Sandy Og од Блекстон, Крис Галвин поранешен извршен директор на Моторола, Hubertus van der Vaart од СЕАФ фондот, и Samih Elhage кој оваа година доаѓа како главен финансиски директор на Nokia Solutions and Networks.  Меѓу главните гости говорници исто така обраќање ќе имаат Премиерот на Македонија, Никола Груевски како и неговиот економски тим. Претстедателот на Македонија, Др. Ѓорге Иванов, ќе има свечено обраќање пред гостите на Гала вечерата на самитот, каде во улога на домаќин ќе биде г. Џон Битов, член на Одборот на Македонија 2025.

Организаторот ја истакнува како посебно значајна соработката со владините министерства и институции за привлекување на странски инвестиции, кои помогнаа на самитот да се регистираат многу звучини имиња од реномирани светски компании. Министерот за странски инвестции Веле Самак се погрижи да имаме присуство на претставници на највисоко ниво од Ван Хол од Белгија, Дрекселмаер од Германија и други потенцијални странски инвеститори. Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, исто така покани голем број на заинтересирани странски инвеститори од САД. Посебно е значајна и активноста на Инвест Македонија, кои преку своите економски промотери во Охрид ќе донесат претставници на големи компании од Албанија, Јапонија, Кина, како и повеќе претставници на Admilia Holding Ltd, кој интегрира 70 италијански претприемачи кои разгледуваат опции за реализирање на инвестициски проекти во Македонија. На наша голема чест, и на покана на кабинетот на г. Виктор Мизо, Извршен Директор на ТИРЗ, во Охрид ќе допатуваат претставници на  CNN, Forbes,  Financial Times, Virgin Mediа, Turner Broadcasting, Automobil Produktion, како и компании од Дубаи, Германија, Словенија и САД.  Останатите поддржувачи исто така помогнаа во реализација на овој настана, Сојузот на Стопански Комори,  Стопанската Комора на Македонија, Австралиско Македонската Стопанска Комора, Канадско Македонската Бизнис Асоцијација, Стопанската Комора на САД во Македонија, Адвантиџ Аустриа, Бизнис Агенција ан Југоисточна Европа, Македонски трговски совет –Азија Пацифик, Македонско-Бугарска Стопанска Комора, итн.

Странските компаниите изразија отвореност за соработка во сферата на аутсорсинг, извоз, инвестиции, логистика, консултации, заеднички вложувања, истражување и развој.  За време на самитот веќе се закажани стотина билателарни средби. Организаторот ги повикува домашните компании да разгледаат можностите за соработка, да се запознаат и да го искористат овој уникатен бизнис собир за проширување на нивните контакти на глобално ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП