„Taiwan Semiconductor Manufacturing Co“ (TSMC) ќе потроши 3,5 милијарди евра на фабрика во Германија – нејзина прва во Европа, објави компанијата во вторникот. Ја користи желбата на Стариот континент да има поголемо влијание врз синџирите на снабдување.
Фабриката, која ќе биде трета на „TSMC“ надвор од нејзините традиционални производствени бази на Тајван и Кина, е во центарот на амбициите на Берлин да ја зајакне домашната индустрија за чипови што ќе и треба на нејзината автомобилска индустрија за да остане глобално конкурентна.
Во меѓувреме, Европската унија (ЕУ), го усвои Законот за европски чипови, план за субвенционирање од 43 милијарди евра, чија цел е да го удвои капацитетот за производство на полупроводници до 2030-та година. Со тоа, блокот се обидува да ги достигне Азија и Соединетите Американски Држави поради недостигот и високите цени за време на пандемијата создадоа хаос меѓу производителите на автомобили и машини на континентот.
Германија, која се додворува на најголемиот светски снабдувач со чипови од 2021-ва година, ќе инвестира до 5 милијарди евра во фабриката во Дрезден, главниот град на источната покраина Саксонија, соопштија официјални лица.
„Во Германија ќе има вистински екосистем за производство на полупроводници“, рече министерот за економија Роберт Хабек.
Саксонија, центарот на електронската индустрија во поранешна Источна Германија, веќе има неколку фабрики за чипови и е наследник на традицијата на прецизно производство. За време на разговорите, претставниците на „TSMC“ беа поканети да видат извонредно изработен накит изложен во Музејот „Green Vault“ во градот.
Претставник на локалната власт рече дека Саксонија ќе инвестира во обука и инфраструктура за поддршка на инвестицијата – најголема во историјата на регионот. Со оглед на тоа што Германија веќе се соочува со голем недостиг на работни места, регрутирањето може да биде предизвик.
„TSMC“ соопшти дека ќе инвестира до 3,499 милијарди евра во подружница наречена „European Semiconductor Manufacturing Company“ (ESMC), од која ќе поседува 70%. Германските „Bosch“, „Infineon“ и холандскиот „NXP“ ќе имаат по 10% удел во фабриката, која ќе сочинува до 40.000 чипови месечно. Тие ќе се користат во автомобили, за индустриски цели и во производи за домот. Се очекува фабриката да биде отворена во 2027-ма година.
Производителите на полупроводници како што се „Intel“ и „Wolfspeed“ веќе имаат корист од субвенциите во Германија.
ЕУ сака да го удвои својот удел на глобалниот пазар на чипови на 20% до 2030-та година.