Официјалниот медиумски регулатор во Ирак вчера им нареди на сите медиуми и социјални мрежи, кои работат во оваа арапска земја, да не го користат терминот хомосексуалност, туку, наместо тоа, да ја користат фразата сексуална девијација.
Ирачката комисија за комуникации и медиуми (ЦМЦ) исто така објави дека е забранета употребата на терминот род, пренесува „Ројтерс“.

