26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMерцедес и во криза соборува рекорди

Mерцедес и во криза соборува рекорди

Mercedes_Benz minhen

Германскиот производител на луксузни автомобили Мерцедес Бенз, кој работи во рамките на групацијата Дајмлер, во септември продаде рекорден број на возила.

Компанијата минатиот месец продала 142.994 возила, што е за 15.9 проценти повеќе во однос на истиот месец од минатата година. Ова беше објавено во соопштението на Мерцедес, а кое го пренесоа светските агенции.

За позитивните резултати придонесоа новите верзии на седаните од класите „Е“ и „Ѕ“, како и зголемената продажба на нивните помали модели од класите „A“, „B“ и „CLA“. Продажбата на компактните возила во деветте месеци од оваа година пораснала за 68.3 проценти.

Продажбата на Мерцедес во САД пораснала во септември за 6.7 проценти, во Кина за 21.2 проценти, додека на домашниот, германскиот пазар пораснала само за 1.5 проценти.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП