2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин: Не смееме да живееме на сметка на идните генерации

Путин: Не смееме да живееме на сметка на идните генерации

Vladimir Putin

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека руската економија не ги остварува потенцијалите и дека е потребно да се направи пресврт со цел Русија да ја преземе лидерската позиција во Европа.

„Клучниот проблем е нејзината ниска ефикасност. Работиме далеку под нашите потенцијали, а стапката на продуктивност од 3,1 проценти не може да се толерира во земја која е предодредена да биде главна економска сила во Европа“, изјави Путин на инвестицискиот форум во Москва.

Тој изјави дека кога станува збор за БДП, Русија е предодредена да стане број еден во Европа, а број пет во светот, додавајќи дека Русија е рамноправна со останатите земји од ЕУ кога станува збор за БДП по глава на жител и потрошувачката.

Русија во 2012 година ја надмина Германија на петтото место на листата за најголеми економии на Светската банка според куповната моќ. Меѓутоа, стапката на продуктивноста е двојно помала од водечките економии.

„Мораме да примениме мерки за раст на продуктивноста, јас сум уверен дека можеме, а тоа е единствениот начин да се израмниме со другите земји“, изјави Путин.

Рускиот претседател наведе дека моменталниот јазол меѓу потрошувачката и производството е многу опасен, и дека неможе постојано да се потпираат на наоѓалиштата на нафта.

„Живеењето од природните ресурси, на сметка на идните генерации, користејќи го богатството кое не сме заработиле ние сами, е нешто што не ни обезбедува долгорочната стабилност“, изјави Путин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП