3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуркменистан се натпреварува со времето за удел на европскиот пазар на гас

Туркменистан се натпреварува со времето за удел на европскиот пазар на гас

Туркменистан со години сака да испорачува природен гас во Европа – уште во 2016-та година Гурбангули Бердимухамедов ги претстави своите енергетски планови на средбата со Ангела Меркел. Земјата ги има четвртите по големина резерви на гас, но ја нема потребната инфраструктура.

Со почетокот на војната во Украина, Европа бара нови добавувачи на гас, а ако сака да се натпреварува со нив, Туркменистан мора да побрза, пишува „Bloomberg“.

Веќе во првите денови од војната, Туркменистан го смени својот лидер – Гурбангули Бердимухамедов се повлече од функцијата во март 2022-ра година, а функцијата ја презеде неговиот син Седар, кој освои речиси 73% од гласовите на предвремените претседателски избори.

Од 2007-ма година, земјата се обидува да најде поддршка за Транскаспискиот гасовод, но со текот на годините секогаш постоеле поевтини и побрзи опции за снабдување со природен гас. Според планот, преку него ќе може да се транспортираат 30 милијарди кубни метри гас годишно. Неговата цена надминува 2 милијарди долари, но изградбата на дното на Каспиското Море може да трае со години.

Во моментов главен пазар за гас од поранешната социјалистичка република е Кина – речиси 33 милијарди кубни метри. Уште 4,7 милијарди кубни метри се упатени кон Русија.

Пред неколку месеци, Пекинг финансиски ги поддржа плановите за проширување на испораките на гас од Туркменистан. Ова се случи на сметка на руските надежи за проширување на „Моќта на Сибир“. Туркменистан е главен снабдувач на гасовод за Кина. Во 2022-ра година Русија испорача 16 милијарди кубни метри гас на Пекинг.

„Денеска за Транскаспискиот гасовод е многу тешко да се најде финансирање“, коментира претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.

Тој посочи дека банките се повеќе се оддалечуваат од проектите за фосилни горива и тоа ја отежнува реализацијата на проекти од големи размери.

Реално, целиот касписки регион, кој е богат со природен гас, има само една врска со ЕУ – Јужниот гасен коридор, кој минува низ територијата на Турција (ТАНАП) и Грција (ТАП).

Според претставници на азербејџанската државна енергетска компанија „Socar“, од Баку била дадена понуда за помош при транзитот на гас од Туркменистан, но немало одговор. „Bloomberg“ забележува дека не добиле одговор на истрагата до државната „Turkmengas“, а извори во ЕК укажуваат дека немаат никаков контакт со Ашхабат на оваа тема.

Во јуни унгарскиот премиер Виктор Орбан го посети Туркменистан со главна тема енергетиката, но немаше развој и нема потпишани договори.

Многу аналитичари коментираат дека навистина Транскаспискиот гасовод тешко може да се реализира, но земјата може со неколку врски со Азербејџан да почне да испорачува гас за Европа. Еден од нив е проект вреден 400-600 милиони долари, кој може да се реализира во рок од неколку месеци. Тоа е идеја на американската „Trans Caspian Resources Inc“ со должина од 78 километри.

Најголем дел од проблемите со кои се соочува извозот на Туркменистан во Европа беа надминати во 2018-та година. Оттогаш, одлуки за изградба на подводна инфраструктура во Каспиското Море донесоа само Азербејџан и Туркменистан, односно беше отстранета можноста за можно блокирање на проекти од страна на Русија, потсетува „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП