4 мај, 2024
ПочетнаСВЕТНЕМА ДОГОВОР: Адвокатот на Трамп ја отфрли можноста за склучување спогодба

НЕМА ДОГОВОР: Адвокатот на Трамп ја отфрли можноста за склучување спогодба

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во никој случај нема да постигне договор со обвинителите во случајот поврзан со нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, изјави неговиот адвокат Џон Лауро во интервју за Си-Би-Ес.

„Не“, одговори адвокатот на прашањето дали има услови под кои Трамп би се согласил на договор со обвинителството за тие обвиненија.

Тој додаде дека правниот тим на Трамп „апсолутно и 100 отсто“ ќе ги отфрли сите обвинувања.

Лауро нагласи дека обвинението против неговиот клиент е „полно со дупки“ и потврди дека ќе бараат промена на местото на настанот, додавајќи дека Западна Вирџинија би била „одлично место“ за тоа.

Трамп претходно изјави дека ќе се обиде да го смени судијата што го води случајот против него и дека верува дека треба да се сослуша надвор од Вашингтон.

Лауро, исто така, ја отфрли предложената наредба насочена кон заштита на сведоците и доказите во случајот.

Тој за „Фокс њуз сандеј“ изјави дека Министерството за правда во петокот побарало заштитна наредба за која рече дека може да ги спречи медиумите да добијат информации што би можеле да бидат релевантни за случајот против Трамп.

Во четвртокот, поранешниот претседател се појави пред судот во Вашингтон, каде што му беше прочитано обвинението за наводно влијание и вмешаност во поништување на резултатите од претседателските избори одржани во 2020 година, на кои Трамп загуби од Џозеф Бајден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП