4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Genesis G70“ нема да добие наследник?

„Genesis G70“ нема да добие наследник?

Корејските медиуми пишуваат дека е малку веројатно седанот „Genesis G70“ да види нова генерација.

„Genesis G70“ првпат беше претставен во 2017-та година, но неговата продажба се намали во текот на изминатите три години, од врвот од 16.975 продадени единици во Кореја во 2019-та година на само 6.087 продадени во 2022-ра година. Уште полошо е во Европа, каде што минатата година се продаваше само 96 примероци.

Корејскиот производител на автомобили работеше на втората генерација на „G70“ и планираше да го направи целосно електричен. Проектот внатрешно е познат како „RN2“, но „Korea JoongAng Daily“ вели дека „Hyundai“ неодамна објави интерна изјава со која потврдува дека развојот на овој нов модел е запрен.

„Неодамна имаше соопштение во компанијата дека официјално го прекина развојот на „RN2“, името на проектот за следниот „G70““, изјави извор за корејското издание.

„Во раните фази на развој, следниот „G70“ требаше да биде многу поголем од сегашниот модел. Но, во тој случај нема да биде значително различен од „G80“ и затоа „Hyundai“ одлучи да се откаже од проектот“, додаде изворот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП