3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРимац инвестирал во стартап на претприемач од Мостар кој еднаш го спасил...

Римац инвестирал во стартап на претприемач од Мостар кој еднаш го спасил од пропаѓање

Rolla, фитнес-технолошки стартап основан од мостарскиот претприемач Игор Крезиќ, ја затвори почетната рунда на финансирање со собрани 6,3 милиони евра. Ова е најголемата инвестиција досега во Централна и Источна Европа за фитнес стартап, пишува Klix.ba. Меѓу инвеститорите се издвојува името на Мате Римац кој од порано го познавал Крезиќ.

„Rolla штотуку стана стартап со најголема инвестиција во БиХ, но искрено се надевам дека тоа ќе биде само една во низата инвестиции кои ќе го привлечат ИТ секторот во БиХ. Тоа е проект кој драстично го подобри мојот живот, а мисијата е едноставна – да мотивираме што повеќе луѓе да го подобрат своето здравје Сега, со поддршка на Мате Римац и Саша Драгиќ, можеме да го прошириме тимот кој вредно работи на таа мисија“, изјави тој за М, пишува Klix.ba.

Набрзо стигна одговорот на Римец.

„Игор ми помогна пред 5 години кога никој друг не сакаше / можеше и ја спаси компанијата од колапс. Не инвестирам во Rollo за да му се оддолжам, туку затоа што навистина верувам во производот (верувам дека data-driven exercise / workout / health ќе стане многу важен дел од животот на голем дел од луѓето) и во способноста и тврдоглавоста на Игор да го турка на многу високо ниво“, нагласи тој.

Да потсетиме, Крезиќ во емисијата Вјетар у коса изјави дека по само два дена запознавање на Римац му позајмил 300 илјади евра.

„Римац го запознав два дена претходно. Разговаравме за бизнис и тој ми даде информации за неговиот инвеститор. Јасно ми беше дека е измамник и дека ќе го зезне и му рековме дека ќе му помогнеме ако можеме. Неколку дена подоцна се слушнавме и се запознавме“, рече тој во таа прилика.

Крезиќ сака да ја изгради Rolla како сеопфатна фитнес платформа која ќе им олесни на луѓето да одржуваат здрав начин на живот. Клучната позиција ја зазема апликацијата Rolla One, која има можност да се прилагоди на нивото на кондиција, преференциите и целите на корисникот.

Собраните пари Rolla планира да ги потроши за зголемување на производствените и комерцијалните тимови и за формирање на уште еден регионален развојен центар во БиХ, заедно со европски трговски центар што треба да помогне за проширување во Западна Европа.

Инаку, претприемачот од Мостар во 2008 година ја основа компанијата NSoft, која првенствено се занимава со развој на софтвер за обложувалници и игри на среќа. Така, NSoft се позиционираше како исклучително успешен производител на специјализирани решенија за индустријата за игри. Тие исто така прават системи од безбедносниот домен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП