7 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОд текст до музика: Мета има нова алатка за вештачка интелигенција

Од текст до музика: Мета има нова алатка за вештачка интелигенција

Мета воведе нова алатка за вештачка интелигенција со отворен код наречена AudioCraft.

AudioCraft е алатка базирана на вештачка интелигенција која има за цел да им помогне на корисниците да креираат музика врз основа на текстуални прашања.

Алатката доаѓа во комплет со три модели на вештачка интелигенција – AudioGen, EnCodec и MusicGen – и може да се користи за музика, аудио, компресија и генерирање содржини.

Уметниците и експертите од музичката индустрија веќе изразија загриженост дека користењето на алатката може да доведе до прекршување на авторските права. Причината е што софтверот за машинско учење работи со препознавање и одговарање на обрасци користејќи податоци преземени од интернет.

Мета не е првата голема компанија која создава алатка од ваков тип. Претходно оваа година, Alphabet ја претстави својата експериментална алатка за генерирање звук со вештачка интелигенција наречена MusicLM.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП