4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung очекува рекорден профит

Samsung очекува рекорден профит

samsung1

Јужнокорејскиот „Samsung“ е на добар пат втора година по ред да забележи рекордни резултати и, според оценката на аналитичарите, во оваа година му се „смешка“ оперативен профит од над 23 милијарди евра, што е за една третина повеќе од 2012 година.

Светскиот лидер во производство на RAM меморија, оваа година ќе оствари најдобри резултати во продажбата на полупроводници за последните три години, со што ќе го компензира падот на продажбата на паметните телефони „Galaxy S4“, пренесува Ројтерс.

Експертите на „Barcklays“ банката сметаат дека во третиот квартал продажбата на телефоните „S4“ е намалена на 16 милиони примероци и таа ќе продолжи со забавувањето, додека во првите два месеца, по пласирањето се продадени дури 20 милиони примероци.

Аналитичарите кои учествуваа во анкетата на Ројтерс сметаат дека „Samsung“ оваа година би можел да забележи оперативен профит од 23,36 милијарди евра, што е за една третина повеќе од резултатите во 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП