По 20 години истражување, научниците создадоа таблета AOH1996, која ја напаѓа варијантата на канцероген протеин, односно нуклеарен антиген на клетките што се размножуваат (PCNA), присутен во повеќето канцерогени клетки, што го стимулира нивниот раст и репродукција. Во исто време, здравите клетки остануваат непроменети.
Таблетата AOH1996 е создадена во Лос Анџелес, во една од најголемите американски организации за истражување и третман на рак, пишува Sky News. Се покажа дека пилулата е ефикасна во лекувањето на повеќе од 70 различни видови на канцерогени клетки – од рак на дојка, простата, мозокот, јајниците, грлото на матката, кожата и белите дробови.

