2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕдна чаша алкохол на ден прави хаос во организмот, еве што му...

Една чаша алкохол на ден прави хаос во организмот, еве што му прави на вашето здравје

Само еден алкохолен пијалок дневно може да предизвика зголемување на крвниот притисок, покажува новото истражување, пренесува германската новинска агенција Дпа.

Научниците велат дека луѓето треба целосно да избегнуваат алкохол откако ќе откријат дека рутинското консумирање алкохол, дури и во мали количини, може да го зголеми крвниот притисок.

Додека најголемото зголемување на крвниот притисок е забележано кај обилните алкохоличари, меѓународниот научен тим бил „изненаден“ кога открил дека и мало количество алкохол има ефект.

Кога крвниот притисок на една личност е превисок, тој дополнително ги оптоварува крвните садови, срцето и другите органи, како што се мозокот, бубрезите и очите.

Долгорочниот висок крвен притисок може да доведе до голем број сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи срцев удар, мозочен удар и васкуларна деменција. Иако постојат лекови кои можат да помогнат, промените во животниот стил, како што се редовно вежбање, губење на тежината и намалување на кофеинот, алкохолот и солта, исто така може да го намалат крвниот притисок.

Во новото истражување, објавено во списанието Hypertension на Американското здружение за срце, научниците ги разгледале податоците од седум меѓународни студии за консумирање алкохол и висок крвен притисок.

Повеќе од 19.548 луѓе од САД, Јужна Кореја и Јапонија учествуваа во овие студии најмалку пет години. Вообичаениот внес на алкохол беше забележан на почетокот на секое истражување, а анализата беше заснована на грамови консумиран алкохол, а не само на бројот на пијалоци што едно лице ги пие.

Дури и луѓето кои пиеле еден алкохолен пијалок дневно имале повисок крвен притисок во споредба со оние кои не пијат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП