3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнализа: Која од трите најголеми банки оствари највисоки приходи од камати во...

Анализа: Која од трите најголеми банки оствари највисоки приходи од камати во првата половина од 2023 година

Неодамна, на сајтот на македонската берза банките ги објавија билансите од своето работење за приодот 01.01-30.06.2023 година.

Денар направи анализа на работењето на трите најголеми банки во Македонија, Комерцијална банка, НЛБ Банка и Стопанска банка АД Скопје.

Комерцијална банка АД Скопје оствари највисока бруто добивка на износ од 2.003.283 илјади денари, потоа следи Стопанска банка со 1.666.275 илјади денари и НЛБ банка со бруто добивка од 1.612.417 илјади денари.

Трите банки вкупно остварија бруто-добивка од над 85 милиони евра.

Комерцијална банка е најголема банка по билансна сума во Македонија, втора е Стопанска банка Скопје и трета е НЛБ Банка.

Зголемената добивка на Комерцијална банка главно произлегува од зголемувањето на приходите од редовното работење, односно од нето-приходите од камати кои збележаа значително зголемување. Банката овие резултати ги оствари благодарение на пласманите во парични средства, парични еквиваленти и хартии од вредност, што влијаеше на одржување на висока ликвидност и профитабилност од каматни приходи.

Високата добивка на Стопанска банка произлегува од остварените високи приходи од камата во бруто износ од 2.821.183 илјади денари или нето каматни приходи од 2.621.190 илјади денари. Нето приходите од камати на НЛБ Банка изнесуваат 1.903.940 илјади денари, а на Комерцијална банка 2.417.514 илјади денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП