4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДуплирана добивката на Прилепска Пиварница за првото полугодие

Дуплирана добивката на Прилепска Пиварница за првото полугодие

Во период 01.01.2023-30.06.2023 год. Прилепска Пиварница АД – Прилеп оствари вкупен приход во износ од 946.254 ден. ( оперативни приходи 926.275 ден. и финансиски приходи 19.979 ден.) и истиот во споредба со остварениот во периодот 01-06 мес. 2022 год. од 843.833 ден. ( оперативни приходи 826.810.048 ден. и финансиски приходи 17.023 ден.) има пораст односно поголемо остварување за  12,14% (и тоа оперативните приходи остварени 12% и финансиските приходи со 17,36%). Во структурата на вкупниот приход најголемо учество има приходот од продажба на производи и стоки во земјата и странство од 904.777 ден. и во вкупниот приход учествува со 95,62%.

Остварените вкупни расходи во првото полугодие од 2023 год. изнесуваат 842.468 ден. и во споредба со остварените вкупни признати расходи во 2022 год. од 791.674 ден. бележат зголемување за  6,42%.  Во зголемувањето на расходите поодделно по вредност и процент најмногу учествуваат следните расходи:

  • Потрошени суровини и материјали со вредност 280.166 ден. имаат зголемување од 1,42%,
  • Потрошени резервни делови со вредност 7.581 ден. зголемување од 106,88%,
  • транспортни услуги од 54.031 ден. со зголемување од 4,34%, услугите за одржување и заштита од 10.576 ден. со зголемување од 31,20%,
  • бруто платите во износ од 92.372 ден. се зголемени за 11,85% што е во линија со остварените приходи во деловната година ( задржување на вредноста на платите и пораст во услови на зголемени приходи) односно Прилепска пиварница АД ја остварува донесената стратегија колку што е можно помалку тековните проблеми во 2023год. да се рефлектираат врз платите на вработените,
  • надомест на трошоците на вработените од 12.689 ден. со зголемување од 213,26%,
  • трошоците за репрезентација, донации и спонзорства остварени во износ од 10.082 ден. се зголемени за 144,96%.

Прилепска Пиварница за првата половина од годинава оствари добивка на износ од 103.620 илјади денари.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП