4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Lamborghini Revuelto“ е распродаден до 2026-та година

„Lamborghini Revuelto“ е распродаден до 2026-та година

Новиот „Lamborghini Revuelto“ е распродаден до 2026-та година, според шефот на компанијата Стефан Винкелман, пишува „Autoblog“.

Винкелман уште во април изјави дека „Revuelto“ има потенцијал на крајот да го надмине „Aventador“, кој продаде 11.465 единици за време на неговото производство од 11 години. „Revuelto“ се покажа особено популарен кај богатите купувачи во САД.

Винкелман наведува дека ваквото прифаќање на автомобилот од страна на клиентите докажува дека вредело да се „коцка“ со електрификацијата на овој модел.

„Хибридизацијата ја разбраа нашите клиенти и пошироката јавност. Со „Revueltо“ имаме список на нарачки што ги надминува сите наши очекувања. Веќе имаме нарачки во 2026-та година. За нас ова е знак дека не само што е прифатена технологијата, туку и дека брендот е на највисоко ниво досега“, вели Винкелман.

Шефот додаде дека многу клиенти биле придобиени со начинот на кој „Revuelto“ ја комбинира новата технологија со вредностите на брендот.

„Спојот на традицијата и иновациите е клучот за успехот на „Revueltо“. Сите очекуваа хибрид, сите се надеваа дека ќе добијат уште еден V12 и двете работи се споија на совршен начин. Дизајнот е непогрешливо дело на „Lamborghini“. Сè работеше добро заедно и тоа е она што го очекуваа клиентите. Не ни беше лесно да го развиеме V12 поради сите регулативи за емисија на штетни гасови, но инженерите завршија фантастична работа“, додава првиот човек на компанијата.

Плагин-хибридниот систем на „Revueltо“ вообичаено се состои од 6,5-литарски V12 бензински мотор, нов осумстепен менувач со двојна спојка, литиум-јонска батерија и три електрични мотори, со комбинирана моќност од 747 kW/1015 ks. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае само 2,5 секунди, 200 km/h се постигнува за помалку од 7 секунди, додека максималната брзина е повеќе од 350 km/h.

Винкелман, исто така, додаде дека побарувачката за конвенционалните SUS автомобили на марката останува силна, истакнувајќи дека марката е распродадена од целата постава веќе две години.

Дополнително, продажбата скокна за 5 проценти во првата половина на 2023-та година на 5.341 автомобил.

Наскоро ќе биде лансирана „plug-in“ хибридна верзија на „Urus“, а „Lamborghini“ работи и на „plug-in“ хибриден наследник на „Huracan“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП