19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИ тоа каква „Jetta“ сè уште се продава во САД (ФОТО)

И тоа каква „Jetta“ сè уште се продава во САД (ФОТО)

На северноамериканскиот пазар, „Volkswagen“ продолжува да нуди модели на седан. Додуша, „Passat“ повеќе не е достапен, но тука е поскапиот „Arteon“ и многу прифатливата „Jetta“.

И сфатете го терминот многу прифатлива сериозно, бидејќи „Jetta“ е достапна дури и во ова навистина специјално издание, кое нуди гама што е конкурентна на опремата на линијата „R“ во Европа.

„VW“ претстави специјална верзија по повод големиот јубилеј, 40-тиот роденден на моделот на американскиот пазар.

За оваа пригода ќе бидат произведени само 1.984 примероци, а се нудат по цена од 28.085 долари или 25.350 евра.

Што добива купувачот за таа вредност? Се нудат три бои на екстериерот со контрастни црни акценти, како и црна решетка и спојлер, црвена облога и 18-инчни алуминиумски тркала, исто така црни.

А тука се и јубилејните детали како ознаките „1984“, „40“ и „GLi“.

Она што дополнително ќе ја зачини понудата е под хаубата. Славеничката „Jetta“ доаѓа со 2.0-литарски бензински мотор кој има повеќе од солидни 231 „коњ“ и 350 Nm, а понудата вклучува и адаптивна суспензија и спортски издувен систем. И сето тоа за цената спомената погоре.

„Jetta“ може да биде и подостапна, па почетниот модел чини само 20.655 долари или 18.600 евра.

Го придвижува бензински мотор 1,5-литрарски TSI, а опремата е доста богата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП