20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФолксваген ќе инвестира 4.1 милијарди во Бразил

Фолксваген ќе инвестира 4.1 милијарди во Бразил

brazil folks

Германскиот производител на автомобили Фолксваген соопшти денеска дека ќе го зголеми производството во својата фабрика на југот на Бразил, со што вкупната инвестиција во таа земја ќе достигне 4.1 милијарди долари во периодот од 2012-та до 2016-та година.

По разговорот со бразилската претседателка, Дилма Русеф, шефот на филијалата на Фолксваген во Бразил, Томас Шмал, изјавил дека компанијата ќе инвестира 236 милиони долари во производство на новата верзија на „голф“ во фабриката во бразилската сојузна држава Парана.

„Со новата инвестиција, вкупната вредност на вложувањата на Фолксваген во Бразил ќе изнесуваат 4.1 милијарди долари помеѓу 2012-та и 2016-та година“, рекол Шмал.

Германскиот производител на луксузни автомобили Ауди, кој работи во рамките на групацијата Фолксваген, соопшти минатиот месец дека од 2015-та година ќе започне со производство во Бразил и дека ќе инвестираат околу 200 милиони долари за производство на „Q3“ и седанот „A3“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП