3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: САД закана за светската економија

Лагард: САД закана за светската економија

Ireland Ms. Christine Lagarde

Директорката на ММФ Кристин Лагард изјави дека евентуалниот неуспех на САД да ја подигне границата на задолжување претставува многу сериозна закана за светската економија.

Американското Министерство за финансии денес, исто така, предупреди на евентуален банкрот на САД, до кој би можело да дојде ако границата на дозволениот долг не биде подигната, и може да биде предизвикана финансиска криза како онаа што беше во 2008 година, а можеби и полоша.

Лагард наведе дека американската влада треба да ги доведе своите долгорочни финансии во ред, наведувајќи дека од клучно значење е да се договори нов лимит за задолжувањето.

Американскиот претседател Барак Обама и лидерите од Конгресот веќе со денови не можат да се договорат околу буџетот, што доведе до делимичен прекин на работата на владата, па повеќе од 700.000 вработени се пратени на неплатен одмор, а бројни национални паркови, интернет страници и државни агенции се затворени.

Меѓутоа, додека една буџетска криза „беснее“ во Вашингтон, друга, потенцијално уште поопасна, „демне“ бидејќи американската влада на 17. октомври ќе остане без пари за плаќање на сметките, доколку не биде подигнат лимитот на државното задолжување.

Директорката на ММФ, и покрај кризата во САД, наведе дека прогнозата за раст на светската економија е релативно позитивна, и покрај слабиот економски раст, сепак постојат знаци кои укажуваат на враќањето на финансиската стабилност на глобално ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП