5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook гради населба за своите вработени

Facebook гради населба за своите вработени

fbgrad1

Кампусот на „Facebook“ во Калифорнија, поради се што им овозможува на работниците, за многумина е идеално место за живот, а наскоро би можело навистина да им стане дом.

Речиси четиристотини станови, еднособни, двособни, и трособни ќе никнат во близината на главната зграда на „Facebook“ на 59,000 квадратни метри во Менло Парк, Калифорнија и ќе бидат наменети за неговите вработени.

Инвестицијата тежи 120 милиони американски долари во која компанијата влезе заедно со една градежна компанија од Сакраменто. Работата ќе започне овој месец а финишот на целиот комплекс се очекува за две години.

fbgrad1

Жителите во овие станови ќе имаат различни погодности како обезбедување, пристап до теретаните со лични тренери, велнес, забава и останати содржини за рекреација.

Во комплекот ќе постојат и различни сервиси кои ќе им служат на вработените во „Facebook“, како што е работилницата за поправка на автомобили, потоа, баровите, спортските клубови, ресторани, библиотеки, спортски терени и мини катчињата за секојдневно дружење.

Освен тоа, вработените до работа ќе можат многу лесно да стигнат, бидејќи локацијата е премногу блиску, тие ќе можат и пешки да одат до работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП