3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром обвинет за нарушување на правилата за конкуренција

Газпром обвинет за нарушување на правилата за конкуренција

gazprom1

Европската унија подготвува антимонополска истрага против рускиот „Газпром“, кој го обвинува за нарушување на правилата за конкуренцијата во земјите од централна и источна Европа.

„Во овој момент подготвуваме писмен извештај кој ги содржи нашите забелешки“, изјави европскиот комесар за заштита на конкуренцијата, Хоакин Алмуниа, пренесува агенцијата Франс прес.

Овој документ претставува формален чекор кој и овозможува на обвинетата страна да одговори, а конечната одлука настапува откако обвинетата страна ќе ја даде својата одбрана.

Официјален Брисел во септември минатата година покрена истрага околу користењето на долгорочните договори од страна на „Газпром“, обвинувајќи ја компанија за нарушување на правилата на конкуренцијата во земјите членки, вклучувајќи ја Бугарија, Чешка, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска и Словачка.

„Во Литванија цените на гасот се зголемија за 600 проценти помеѓу 2006 и 2016 година“, изјави литванскиот премиер Алгирадас Буткевициус и додаде дека таквите цени имале негативно влијание на конкурентноста на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП