3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПоранешен разузнавач пред Конгресот: Владата има НЛО и остатоци од „нечовечки“ пилоти

Поранешен разузнавач пред Конгресот: Владата има НЛО и остатоци од „нечовечки“ пилоти

Тројца пензионирани членови на американската војска сведочеа пред Комисијата за надзор на Претставничкиот дом во средата за неидентификувани летечки објекти и постоење на вонземјани.

Минатата година, по повеќе од 50 години, Конгресот започна јавни расправи за НЛО.

„Ако НЛО се странски дронови, тогаш тоа е итна работа на националната безбедност. Ако се нешто друго, тоа е работа на науката. Во секој случај, неидентификуваните објекти се проблем со безбедноста на авијацијата“, рече Рајан Грејвс, поранешен пилот на морнарицата кој основаше здружение за да ги охрабри другите пилоти да се изјаснат за нивните средби со НЛО.

Грејвс и Дејвид Фрејвор, пензиониран командант на американската морнарица, сведочеа пред Одборот за нивните искуства со НЛО додека биле во војска.

Дејвид Граш, поранешен разузнавач на американското воено воздухопловство, на сослушувањето рече дека американската влада го прикрива истражувањето на НЛО и посочи дека тој ги предал сите информации што ги има на генералниот инспектор.

„Технологијата со која се сретнавме беше далеку посупериорна од се што имаме“, рече Граш, зборувајќи за неговата средба со НЛО во 2004 година.

Тој исто така рече дека американската влада поседува не само НЛО, туку и останки на „нечовечките“ пилоти на тие авиони. Тој тврди дека ги знае „точните локации“ каде што се наоѓа оваа технологија и наведува дека „тие локации му ги дал на генералниот инспектор, а некои на разузнавачките комитети“.

Сепак, тој објасни дека овие наоди не се од прва рака, туку врз основа на информации што ги добил од други.

„Јас самиот не ги видов“, рече тој.

На прашањето на конгресменот дали американската влада има информации за вонземски живот, Граш рече дека САД веројатно се свесни за нечовечка активност уште од 1930-тите, пренесува АП.

Одделот на Пентагон задолжен за анализа на извештаите за неидентификувани неприродни феномени (попознати како НЛО – неидентификувани летечки објекти) му кажа на американскиот Конгрес во април дека неговата канцеларија разгледува повеќе од 650 инциденти, но дека во ниту еден од нив не е видливо нешто што би можело да биде докази за активност на вонземјани или нешто што би ги прекршило законите на физиката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП