7 мај, 2024
ПочетнаСВЕТБИТКАТА СО ПОЖАРИТЕ ПРОДОЛЖУВА: Грција денеска е во состојба на тревога, се...

БИТКАТА СО ПОЖАРИТЕ ПРОДОЛЖУВА: Грција денеска е во состојба на тревога, се гаснат пожарите кои горат на четири фронта

Битката со пожарите во Грција продолжи денеска на четири главни фронта – на островите Родос, Крф и Евија и областа Дерванакија во Ахаја.

На Родос, противпожарните единици се обидуваат да ги локализираат активните пожари, а од утрово продолжува гаснењето од воздух, пренесува Катимерини.

За помош на пожарникарите на копно во моментов се распоредени два авиони и три хеликоптери, а нивниот број ќе се зголемува во текот на денот. Во тоа подрачје дува силен ветер кој особено ја отежнува работата на копнените сили и создава нови пожари.

Денешниот ден се очекува да биде особено тежок за Родос, бидејќи според картата за предвидување на ризик од пожари издадена од Генералниот секретаријат за цивилна заштита во Грција, островот е во највисока состојба на тревога 5. На жителите на Генади, Вати, Масари, Малонас и Калатос вчера им беше наредено да се евакуираат во безбеден правец, пренесува Катимерини. Според сателитски снимки од вселенската програма на ЕУ Коперник, обемот на штетите од шумскиот пожар во Родос е огромен, со уништени повеќе од 140.000 хектари.

На Евија во текот на ноќта во областа Каристос беше испратено предупредување до жителите на Платанистос да се евакуираат во Каристос, а борбата против пожарите во источниот дел на островот продолжи. Потрагата по земјоделецот кој исчезна во неделата пред да избувне пожарот продолжи, но засега не дава резултати.

Два авиони обезбедуваат воздушна поддршка на пожарникарите кои работат на копно во Каристос, додека други ќе бидат додадени во текот на денот. Пожарот се уште гори на Крф каде според противпожарната служба имало пожар во областа Палаја Перитија.

Во гаснењето на пожарот се ангажирани силни копнени сили и четири авиони и хеликоптер, а се очекува тие да бидат засилени и со други воздушни средства. Малку е подобрена состојбата со пожарот во Дервенакија, Ахаја.

Во текот на ноќта во клисурата Вураикос имало повеќе разгореници, кои и покрај тешкотиите кои постојат поради непроодноста на просторот, биле локализирани од противпожарната единица која била во подготвеност во текот на ноќта.

Според Картата за предвидување опасност од пожар издадена од грчките власти, се предвидува екстремен ризик од пожар – состојба на тревога (ризична категорија 5) за регионот на Крит (Ретимно, Ираклион, регион Ласити) регионот на Јужен Егеј (регионот Родос), додека се предвидува многу висок ризик од пожар (ризична категорија 4 за неколку региони).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП