27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПочнавте да заборавате? Без грижи - ќе ви помогне магичниот рузмарин!

Почнавте да заборавате? Без грижи – ќе ви помогне магичниот рузмарин!

Рузмаринот во нашите краеви е симбол за свадбените веселби, а поретко зачинска билка, а во традиционалната медицина се користи со векови.

Многу одамна е познат како билка која го подобрува помнењето, па дури и на децата во античка Грција во косата им ставале иглички од рузмарин за подобро да помнат. И Шекспир го отпеал во Хамлет, кога Офелија вели: „Тоа е рузмарин, тоа е помнење“.

Студиите открија дека рузамринот содржи карбонска киселина која ги неутрализира слободните радикали во мозокот, како и природни киселини кои помагаат при заштитата на клетките од слободните радикали. Својството на рузамаринот е и да го спречува разградувањето на ацетилколин, хемикалија која ги поттикнува клетките на мозокот одговорни за паметење и расудување.

Во низа тестови етеричното масло од рузмарин покажа фантастични резултати. Имено, мирисањето на ова масло за 60 до 75 проценти ги зголемува шансите нешто да запомните.  Споредбата е направена со испитаници кои не мирисале масло од рузмарин.

Затоа не би било лошо во ташната да ставите малку од ова масло. Кога сакате нешто подобро да запаметите, мириснете го маслото од рузмарин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП