2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕурибор продолжува да расте, кредитите стануваат сè поскапи

Еурибор продолжува да расте, кредитите стануваат сè поскапи

Европската централна банка во четврток ќе одлучува за натамошниот тек на монетарната политика, а според изјавите на претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, се очекува ново зголемување на клучните каматни стапки. Економистите и аналитичарите проценуваат и дека каматните стапки ќе растат барем уште некое време, додека инфлацијата не се приближи до целниот коридор, односно нивото од два отсто.

Слична е ситуацијата и со американската централна банка – Федералните резерви, која својот состанок го има во вторник и среда. Американските експерти прогнозираат дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки за уште 25 базични поени, а повеќето економисти очекуваат дека ова би можело да биде последното зголемување во овој циклус на затегнување на монетарната политика.

Банкарските клиенти во Македонија, сепак, се позаинтересирани за одлуката од Франкфурт, бидејќи понатамошните чекори на Европската централна банка директно ќе влијаат на движењето на Еурибор, кој е дел од варијабилната каматна стапка на повеќето долгорочни заеми, главно станбените. Крајот на јуни беше последниот датум кога банките пресметаа нови месечни рати, како за кредитите со тримесечен еурибор, така и за оние со шестмесечен, а до денеска најголем дел од должниците добија известување за висината на обврските за следните три или шест месеци.

Поточно, вредноста на тримесечниот еурибор на 30 јуни годинава изнесува 3,577 отсто, што е за половина процент повисока од претходниот пресметковен период на 31 март (3,038 отсто). Шестмесечниот еурибор е на ниво од 3,9 отсто, што е за 1,2 процентни поени повеќе во однос на крајот на минатата година, кога последен пат беа пресметани ратите од овие кредити (2,693 отсто).

Во меѓувреме, каматните стапки продолжија да растат, па така тримесечниот еурибор во петокот на 21 јули изнесуваше 3,721 отсто, додека 6M еурибор достигна 3,972 отсто. Но, новата пресметка на месечните рати следи дури на крајот на септември за кредитите со тримесечен еурибор, односно на крајот на годината на 6М еурибор.

Банкарите потсетуваат дека секоја пресметка зависи од конкретниот заем, што значи износот на кредитот, вкупната камата и варијабилниот дел, рокот на отплата, делот што е веќе вратен… Колку е подоцна кредитот, толку е помал уделот на каматата на месечната рата, па корисниците можат да очекуваат помал пораст кога ќе скокне Еурибор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП