8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФАО: Цените на храната тешко ќе се намалуваат

ФАО: Цените на храната тешко ќе се намалуваат

cenihrana1

Проценките велат дека глобалните цени на храната нема дополнително да се намалат, откако во септември тие се намалија на најниското ниво во последните три години, соопшти ФАО.

На падот на цените кој беше забележан минатиот месец влијаеше остриот пад на цената на житото, додека цените на млечните производи, месото и шекерот се зголемија, соопшти Светската организација за храна и земјоделство (ФАО).

Цените на храната пораснаа во текот на летото минатата година поради големата суша во САД, но перспективите за обновување на залихите на житарици кои се на рекорно ниво го сменија ценовниот тренд оваа година.

Индексот ФАО, кој го покажува месечното движење на светските цени на основните прехрамбени производи, во септември изнесуваше 199,1 поени, што е за речиси еден процент помалку од 201,4 поени кои беа забележани во август.

Тој индекс во изминатите пет месеци бележеше пад, а во септември го достигна најниско ниво од септември 2010 година.

„И понатака има место за пад на цените, но нема место за некој значителен пад“, изјави економистот на ФАО, Аболреза Абасијан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП