17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПодравка ги зголеми приходите и профитот

Подравка ги зголеми приходите и профитот

Групацијата Подравка во првите шест месеци од 2023 година оствари приходи од продажба во износ од 346,3 милиони евра, што е за 25,6 милиони или осум отсто повеќе во однос на истиот период лани.

Приходите од сегментот Исхрана изнесуваат 265,2 милиони евра, што е зголемување за 11,2 милиони или 4,4 отсто во однос на првата половина од 2022 година. Значителен пораст во однос на истиот период лани, 21,6 отсто, или 14,4 милиони евра, оствари сегментот Фармацевтски производи, односно 81 милиони евра.

Оперативната добивка на Групацијата пред амортизација (EBITDA) во првите шест месеци од годинава достигна 48,3 милиони евра, за 0,1 милион помалку од истиот период лани. Нето добивката на Групацијата Подравка изнесува 45,2 милиони евра, со годишен раст од дури 18,9 милиони евра. Овој раст, пак, е под еднократното влијание на даночните поволности во износ од 19,7 милиони евра, кои Министерството за економија и одржлив развој ги одобри за Подравка.

„Задоволен сум од резултатите во првата половина од годината и покрај тоа што работењето на Групацијата се уште е изложено на силен пораст на цените на енергијата, суровините и амбалажата, особено во Храната. И покрај извесното смирување на турбуленциите на пазарот и активното барање на најповолни услови, остварените цени и понатаму се значително повисоки од оние што ги плативме во 2022 година. Задоволен сум и од напредокот во продажбата на нашите странски пазари, особено од првите резултати од соработката со Атлантик Група, но и од резултатите од реструктуирањето на продажбата на пазарите“, рече претседателката на Управниот одбор Мартина Далиќ.

Таа ја нагласи и важноста за повторно постигнување договор за зголемување на платите на работниците за пет проценти од 1 јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП